Цените на нафтата минатата недела пораснале за повеќе од 4 отсто

од Stefanija Kuzmanovska

НА светските пазари, цените на нафтата минатата недела пораснаа за повеќе од 4 отсто, благодарение на добрите економски перформанси од најголемите светски економии и очекувањата дека побарувачката за нафта ќе продолжи да расте.

На лондонскиот пазар цената на барел минатата недела порасна за 4,8 отсто, на 69,63 долари, додека на американскиот пазар, барелот порасна за 4,3 отсто на 66,32 долари.

Растот на цената на нафтата на лондонскиот пазар на највисоко ниво во последните две години, од мај 2019 година, се должи на подобрите од очекуваните индикатори од американската економија, најголемиот потрошувач на нафта во светот.

Слични содржини