Центар ја прифати иницијативата за урбанистичко уредување на локацијата кај „Треска“

од Берта Китинска

На вонредна седница, Советот на Општина Центар го усвои Заклучокот во кој се одлучи за начинот за тоа дека по пат на јавен конкурс ќе се уреди локацијата позната како поранешна “Треска”.

Од страна на советниците на општината, со 12 гласа “за” се изгласа дека по пат на конкурс за урбанистичко решение ќе се решава за изгледот и содржината на она што ќе биде на опфатот на дел од ДУП Градска четврт З 11, локалитет Буњаковец 1 и Буњаковец 2.Во изборот и оценувањето на доставените конкурсни решенија, општината ќе ја вклучи целата стручна јавност – Академија на архитекти, Асоцијација на Архитекти и комора на архитекти. За околу шест месеци веќе ќе се започне со работа на терен Општина Центар уште еднаш докажа дека јавниот интерес е пред се, изјави градоначалникот на општина Центар, Саша Богдановиќ.

Слични содржини