Централен регистар: Во рамки на просекот се бројките на новоформирани и згаснати фирми во 2020. година

Врзано за вчерашната изјава на претседателот на Комората на Северозападна Македонија дека на 4000 компании се згаснати во првите шест месеци, денес Централниот регистар излезе со соопштение во кое посочи податоци за 2020. година и кои укажуваат дека е во рамки на просекот, идентично како што е односот на новооснованите копмании, така и на оние кои згаснале.

Од податоците за последните три години што Централниот регистар ги објави денеска може да се забележи дека во 2020 година по сите основи биле избришани 6.214 фирми, додека во 2019 година – 7243 фирми, а во 2018 – 6864 фирми.

Во 2020 година основани се 7077 фирми, додека во 2019 година – 7810, а во 2018 – 7378 компании.

„Горди сме и импресионирани од храброста и претприемачкиот дух на македонските бизнисмени, дури и во услови на светска пандемија. Од официјалните податоци може да се види дека и бројот на новоосновани субјекти во изминатата 2020 година е во рамки на просекот од изминатите неколку години“, информираа од Централниот регистар.

loading...

Слични содржини