Централна крстосница на НАТО командата го доби името „Скопје”

од Берта Китинска

Министерката за одбрана Радмила Шекеринска, денеска во Врховната командата на здружените сили на НАТО за Европа, учествуваше на церемонијата за именување на централната крстосница во оваа команда според главниот град на Северна Македонија, Скопје, со што беше продолжена традицијата на именување на улици во командата според главните градови на сојузниците.

-Скопје се приклучи на НАТО престолнините во Врховната команда на здружените сили на НАТО. Од денеска централната раскрсница во Врховната команда на здружените сили на НАТО за Европа во Монс, го носи името на нашиот главен град Скопје. Оваа церемонија е голема чест и потврда на нашиот успех и истрајност, нашата постигната стратешка цел – членството во НАТО, пишува на Фесјбук мнистерката за одбрана .

Слични содржини