Цетински со предлог: „Кастрација против корона“

од Vladimir Zorba

Пејачот Тони Цетински веќе подолго време јавно зборува, според хрватските медиуми, против мерките на претпазливост што беа воведени заради пандемијата на коронавирус.

Покрај наводното приклучување кон антиваксерите, тој ги спореди луѓето со овци и изрази загриженост за новиот начин на организирање концерти.

Сега тој го вклучи своето куче во приказната за коронавирусот, веројатно на шега велејќи дека е позитивен на вирусот, и дека лекот, како што напиша, е кастрација.

„Одете и тестирајте ги животните. Моето куче беше позитивно, па затоа го кастрирав и сега е негативен. Лекот е кастрација“, напиша тој на Инстаграм.

Неговата објава предизвика различни реакции.

Додека поединци го поддржуваа во коментари затоа што „бојкотира мерки на претпазливост“, многумина го нарекуваа неодговорен заради начинот на кој ги користи своите платформи и популарноста на мрежите.

Слични содржини