Цеца ги воодушеви обожавателите, еве кога ќе биде концертот

од Vladimir Zorba

Минатата недела српската фолк-ѕвезда Светлана Цеца Ражнатовиќ беше вакцинирана, а деновиве зборуваше за настапите. Таа откри кога ќе застане пред публиката и конечно ќе го направи долго најавуваниот концерт.

„Кога сите ќе се вакцинираме, јас веднаш одржувам концерт (се смее). На луѓето, како и на сите вас и на мене, многу ми недостига дружењето со публиката, но мора да ги почитуваме сите мерки“, откри Ражнатовиќ во емисијата „deToxic“.

Да потсетиме, Цеца неодамна беше вакцинирана и зборуваше за нејзиниот приватен живот.

„Одамна не сум стапнала на потпетици, а кога повеќе не пеам,практикувам да бидам во рамни чевли. Кај мене сè цвета, цвета и љубовта. Улогата на баба не ме промени, само што добивме ново бебе кое најмногу го сакаме. За време на короната Жељко беше тука и целосно ме ревитализираше”, изјави Цеца во емисијата „Ре(д)акција“ на телевизијата Курир.

Слични содржини