Цеца интервенирала: Документарецот за криминалното минато на „Српска мајка“ исчезна од Јутјуб!

од Vladimir Zorba

Три дена по емитувањето на емисијата „Српска мајка“ од серијалот „Junaci doba zlog“, видеото, кое имаше половина милион прегледи на каналот ЈуТјуб на Н1 телевизија, беше отстрането по барање на корисникот „Цеца мјузик“ поради наводно кршење на авторските права.

Аудио и видео продукција „ЈСП“ најави дека ќе издаде соопштение за јавноста по овој повод.

Да потсетиме, пред емитувањето на емисијата „Српска мајка“, правниот застапник на Светлана Цеца Ражнатовиќ прво до редакцијата на ТВ Н1 испрати барање да не се емитува, а потоа и до Аудио-видео продукцијата „ЈСП“, велејќи дека во спротивно „Светлана Ражнатовиќ би била принудена да започне соодветна судска постапка за да го заштити нејзиниот лик и дело“.

„Нема никој за кого не смеете да пишувате. Ние не се занимаваме со нејзината поп кариера, но со она што никој не може да го заштити со заштитен знак, а тоа е дел од нејзината не-поп кариера. Таа е толку важна личност што никој никогаш не се справил со неа на овој начин, биографски гледано“, рече, меѓу другото, во пресрет на емитувањето, една од авторите на серијата, Јована С.Полиќ.

Серијата е заснована на книгата „Junaci doba zlog“ од Славиша Лекиќ, а ко-автори се Сања Лончар и Јована С. Полиќ.

Слични содржини