Цеца на ручек со родителите на Богдан, еве што мислат тие за фолк-дивата

од Stefanija Kuzmanovska

Светлана Цеца Ражнатовиќ неодамна настапи на приватна прослава во срцето на Шумадија, каде по долго време пееше пред околу 200 луѓе.

Фолк-дивата отпатува во Крагуевац со својата ќерка Анастасија за да одржи настап, а пред тоа намина кај нејзиното момче Богдан Срејовиќ и беше на ручек кај неговите родители.

– Цеца и нејзината наследничка отидоа во Крагуевац да пеат на приватна забава. Замина рано наутро за да намине во куќата на Богдан по пат, каде го помина целиот ден, па доцна попладнето продолжи со возачот и Анастасија на настапот. Богдан не отиде со нив бидејќи имаше обврски, но се врати во Белград со Цеца по завршувањето на прославата – изјави соседот на Богдан.

– Анастасија и тој многу добро се согласуваат, што на Цеца ѝ е посебно мило, а семејството Срејовиќ обожава кога Цеца ќе ги посети- додава тој.

Слични содржини