Цеца објасни што мисли за тоа што Богдан ја бодри во првите редови на настапите

од Stefanija Kuzmanovska

Цеца Ражнатовиќ ги воодушеви сите кога го продолжи концертот во Љубовија и покрај дождот, а потоа минатиот викенд направи концерт за паметење во Врњачка Бања.

Нејзиното момче Богдан Срејовиќ беше во првиот ред и уживаше во глетката и музиката, а Цеца на таа тема вели дека секогаш е посветена на својата публика – максимално, без разлика кој е на концертот.

„Јас сум професионалец кој трае 34 години. Не зависам од тоа дали моите пријатели ќе бидат на концертот, партнерот, децата или семејството. Ова е моја работа и јас сум ѝ крајно посветена кога работам. Ниту еден фактор не може да влијае на тоа“, рече Цеца.

Слични содржини