Цеца објавила емотивна снимка: Како синот Вељко ја испеал најубавата балада на Оливер Драгојевиќ на роденденот на Анастасија (видео)

од Nikola Popovski

Иако досега практикуваше гламурозни прослави по повод својот роденден, Анастасија Ражнатовиќ, својот 22 роденден одлучи да го прослави во домашна атмосфера.

Тоа беше вистинска куќна забава организирана од нејзината мајка Цеца Ражнатовиќ заедно со пријателите и членовите на семејството, а славеничката пристигнала дома со своето момче Ѓорѓе Кулиќ.

Балони, аплауз, роденденска песна и голема торта со свеќи ја чекаа веднаш од вратата, а бидејќи имало и бенд, забавата траела до раните утрински часови.

Во еден момент, доцна во ноќта, Вељко, братот на Анастасија, го зграпчил микрофонот и ја испеал една од најубавите балади на Оливер Драгојевиќ, „Dva put san umra“, а Цеца го снимила тоа на својот мобилен телефон и го објавила на Инстаграм.

Слични содржини