Цеца: Се чувствувам одлично, не ширете паника! (ВИДЕО)

од Vladimir Zorba

Вчера во српските медиуми се појавија вестите дека Светлана Цеца Ражнатовиќ и нејзиниот син Вељко се позитивни за коронавирусот.

Пејачката сега се обрати преку својот Инстаграм профил и истакна дека се чувствува одлично и дека нема никакви симптоми на вирусот.

Таа исто така објасни дека нема простор за паника и дека смета дека епидемијата е значително ослабена.

„Имам потреба да и се обратам на јавноста и да кажам дека се чувствувам одлично, не се чувствувам болна, и сум целосно здрава, немам никакви симптоми иако сум позитивна за корона. Боже мој, што се случи. Ако не бев тестирана превентивно, не би знаела. Јас сум во таква состојба. Би ги замолила сите да не шират паника, не можам да живеам од толку повици. Мислам дека вирусот сега е многу ослабнат, така што нема место за паника. После се, ако беше поинаку државата немаше да дозволува собири и немаше да гледаме Куп натпревар на ЈНА каде што се собраа околу 25.000 луѓе. Цеца ве сака!“ рече таа во видеото што го објави на својот профил.

View this post on Instagram

❤️❤️❤️❤️❤️❤️❤️❤️❤️

A post shared by C E C A (@cecaraznatovic) on

Слични содржини