Цеца се појави во суд со гардероба од 7.000 евра

од Vladimir Zorba

Ново рочиште за маратонското судење меѓу најпознатите поп-sвезди во Србија, Светлана Цеца Ражнатовиќ и Јелена Карлеуша, се одржа денес во Белград.

Цеца дојде на суд со видливо расположение, додека Јелена веќе чекаше во зградата, од каде стигна да „направи селфи“, а стајлингот на Ражнатовиќ наскоро стана главна тема на домашните медиуми – еве зошто!

Пејачката се појави на судењето во лежерно издание, во бели тонови, кои ги разби со „Луј Витон“ чанта од 1.710 евра.

Сепак, најскап на неа е капутот вреден вртоглави 3.500 евра, потоа џемпер „Монклер“ вреден 800 евра, а на нозете имаше чизми „Баленсијага“ во вредност од 800 евра, додека за панталоните издвоила „скромни“ 35 евра, пишуваат српските медиуми.

Слични содржини