Цеца сите вработени ги оддалечи од вилата: Веднаш штом дознала дека има корона ги презела ОВИЕ МЕРКИ 

од Stefanija Kuzmanovska

Фолк ѕвездата Светлана Цеца Ражнатовиќ откри дека е позитивна на коронавирус, а штом ги доби резултатите, се изолира во семејниот дом во Дедиње. Нејзиниот син Вељко е исто така позитивен на вирусот и во моментот е во вилата Ражнатовиќ со пејачката, додека неговата сопруга Богдана и бебето Жељко се наоѓаат во Тител поради безбедност.

Иако нема симптоми, веднаш штом дознала дека била во контакт со заразено лице, Цеца решила да се тестира, но и да го испрати целото пошироко семејство на тестирање, како и послугата, возачите, обезбедувањето, чуварите…

Таа исто така им наредила на вработените да не доаѓаат на работа дури и ако тие се негативни за вирусот, затоа што таа и нејзиниот син кои се заразени се моментално во куќата, пренесува „Ало“.

Цеца ќе биде изолирана со својот наследник две недели, нема да ѝ бидат потребни услуги на возач или обезбедување. Што се однесува до готвењето, сама ќе се грижи за Вељко и за неа сè додека не се врати се во нормала.

Слични содржини