Цеца слави роденден: Се чувствувам како да имам 28 години!

од Nikola Popovski

Пејачката Светлана Цеца Ражнатовиќ денес слави роденден, а се појави пред својата куќа на Дедиње и им се обрати на медиумите.

– Се чувствувам како да имам 28 години! Се радувам на новите настапи, се надевам дека ќе одржам се што е на распоред во наредниот период – рекла Цеца пред камерите.

Расположена и дотерана, им позирала на фотографите и давала изјави.

Цеца, меѓу другото, зборуваше и за тоа како го прославила својот 18 роденден.

Таа рекла дека на тој роденден дошле многу колеги, што многу ја импресионирало затоа што во тоа време била „почетничка“.

Слични содржини