Цеца со целото семејство се тестирала на коронавирус

од Aleksandar Petrovski

Фолк ѕвездата Цеца Ражнатовиќ денес на 9 јуни се тестирала на коронавирус, откако имала контакт со заразено лице.
Како што објави синоќа, Цеца утрово замина на тестирање, но не сама, туку со сите членови на семејството. Како што дознава српски Телеграф, и децата биле тестирани.

– Денес сите се тестиравме, како семејство – потврди Цеца за Телеграф.

Резултатите се очекуваат утре, среда, 10 јуни и таа не се плаши затоа што се чувствува одлично и нема никакви симптоми.
– Дефинитивно ќе се тестирам, иако се чувствувам одлично … заради себе, заради другите луѓе. Немам, фала му на Бога, симптоми … – рече Цеца синоќа, откако беше објавена веста дека Душица Јаковљевиќ е позитивна на вирусот корона.

За потсетување, Душица била на прославата во куќата на Ражнатовиќ, по повод раѓањето на Жељко Ражнатовиќ. Анастасија беше тестирана веднаш откако дозна, а нејзиниот резултат веќе пристигна и е негативен.

Слични содржини