Цеца стана баба: Нејзината снаа роди син

од Nikola Popovski

Денес, семејството Ражнатовиќ има причина да слави, бидејќи Богдана Ражнатовиќ се породи и го роди синот Жељко.

Пред неколку месеци, Вељко и Богдана го откриле името на нивниот наследник, а снаата на Цеца се породила во приватна клиника во Белград.

Цеца и Анастасија пристигнале пред клиниката околу 10 часот, а Вељко дошол во болницата малку пред нив и присуствувал на породувањето.

Фолк-ѕвездата станала баба на возраст од неполни 47 години, а нејзината снаа се породила со царски рез и сè поминало во најдобар ред.

Бебето тежело 3.360 кг при раѓање и било големо 53 см. Раѓањето го изврши лекарот Миленко Пророшиќ, кој двапати ја породил Цеца.

Патем, Цеца ќе го прослави 47-от роденден на 14 јуни, па ќе има причини да за прослава во куќата на Ражнатовиќ овој јуни. Тетката на малиот Жељко, Анастасија, го прослави својот роденден неодамна, на 25 мај, кога наполни 22 години.

Богдана и Вељко се венчаа на 24 ноември 2019 година во Белград, а пред тоа беа во емотивна врска повеќе од две години.

Слични содржини