Цеца за Аркан: Не се ни сеќавам на нашиот последен разговор

од Elena Daskalova

На 15 јануари се навршуваат 20 години од смртта на Жељко Ражнатовиќ – Аркан. Оваа година, неговиот син Вељко ќе добие син, кој ќе го носи името на покојниот дедо.

Неговата вдовица, фолк-дивата Цеца Ражнатовиќ, најмалку зборува за убиството, бидејќи не сака да се навраќа на трагедијата. Но, во интервју за српскиот весник „Курир“ открива дека 15 јануари 2000 бил најтешкиот датум во нејзиниот живот.

„Со година се трудам да ги потиснам тие слики од сеќавањето, но уште ми е пред очи, ништо не можам да променам“, изјавила таа.

„Тешко е да се копа во таа рана. Се надевам луѓето разбираат зошто не зборувам за тоа. Немам одговор зошто тоа се случи. Тешко е да се зборува за смртта на таткото на моите деца“, додала Цеца.

Најтешко ѝ било кога мислела дека нема да може да продолжи сама. Секој ден мисли на него, а особено ја боли што и после многу шпекулации, веќе две децении всушност не се знае вистинскиот мотив за неговото убиство.

Уште потешко и паднало тоа што сакала на своите деца да им пренесе веродостоен спомен на нивниот татко, но тие во тоа време биле премногу мали за да можат да имаат јасни сеќавања. Но, Цеца секогаш се грижи за тоа да ги потсети на него, раскажувајќи им интересни настани и анегдоти од нивните животи.

„За него секогаш ќе има посебно место во моето срце. Боли тоа што поради траумата, не можам да се сетам за што последно разговаравме“, изјавила Цеца во интервјуто.

Слични содржини