ЦИА ја предвидува иднината на Европа: Македонија ќе биде дел од Православен блок

од desk2

Американската известувачка агенција, ЦИА, како и агенцијата Стратфор, предвидуваат крупни промени во Европа.

Имено, ЦИА, европскиот континент во блиска иднина го гледа сосема поинаку од оној денешниот. Според ЦИА, Европа ќе се подели на три блока и тоа – Нова, Стара и Православна Европа, во која би припаѓала и Македонија.

Истовремено, агенцијата Стратфор предвидува крупни промени – зајакнување на Полска и Романија, преку стратешко партнерство со Америка, подем на Турција како регионална сила, со слабеење на германското влијание.

Проекциите на ЦИА до 2020 година, предвидуваат западен блок, или „Стара Европа“, која би ја сочинувале Германија, Франција, Австрија, Велика Британија, Шпанија, Португалија, Италија, Шведска, Норвешка и Финска.

„Нова Европа“ би ги опфаќала земјите на Летонија, Литванија, Естонија, Полска, Унгарија, Чешка, Словачка, Словенија, Хрватска, со тоа што овие земји, некогаш најголем дел од нив членки на Варшавскиот пакт, сега би биле главна воена потпора за Америка во Европа.

ЦИА уште пред неколку години предвидуваше дека Европа ќе се најде во голема криза, поради што влегувањето на балканските земји во ЕУ, едноставно нема да може да се случи. Поради тоа, уште од тогаш, се предвидуваше дека Македонија, заедно со другите балкански земји, Грција, Бугарија, Србија, Романија ќе се најдат во групата на „Православни земји“. Во оваа група би припаѓале и Босна и Херцеговина и Албанија.

Според проекцијата на ЦИА, во „католичката“ зона, земјите од Источна Европа би биле под команда на САД, додека Албанија, како и Косово, кое е одделено посебно, би биле дел од „Православната зона“.

Проблемите во ЕУ, кои започнаа од 2008 година, создадоа конфронтации во единството на Унијата, и Стратфор предвиде дека таа тешко ќе може да го врати некогашното единствено, а дури и да преживее, ќе функционира многу поограничено.

„Во следната деценија, Европа ќе ја дефинира подемот на националните држави, како и движечките сили на континентот. Бројот на национални држави веројатно ќе се зголеми во сецесионистичките движења, или со распадот на земјите“, истакнува агенцијата Стратфор, во својата проекција за иднината на Европа до 2025 година.

Деценија стари предвидувања, според кои внатрешноста на Европа ќе биде непредвидлива и нестабилна, веќе станаа реалност, а последиците ќе бидат такви што зоната за слободна трговија нема да може да функционира без поголема заштита. Поради тоа, посебно големи последици, според овие предвидувања, ќе претрпи Германија, додека Полска ќе ја зголеми регионалната моќ. Се истакнува и дека кон крајот на деценијата, Турција ќе се подигне на ниво на значајна регионална сила, како главен ривал на Иран.

Економското опаѓање на Европа е последица и на стареењето на Стариот континент, што, како што предвидува ЦИА, не влијае само на губењето на моќ на ЕУ како „светски играч“, туку и на судбината на НАТО, и воопшто на старите воени сојузи.

Одамна е воочено дека лицето на Европа значително го менуваат миграциите, посебно од муслиманските земји. ЦИА уште пред една деценија предвиде дека муслиманската популација во Европа до 2025 годија ќе се зголеми од 22 до дури 37 проценти, што дополнително би можело да ги зголеми тензиите на Стариот континент.

ЦИА, исто така предвиде дека американските односи со Европа до 2020 година ќе станат „драматично поинакви“, на што, очигледно, веќе работи шефот на Белата Куќа, Доналд Трамп.

Тоа, како што се предвидува, ќе има за последица отстапување од институциите на кои сме навикнати уште од Втората светска војна. НАТО би можел да ослабне и да биде променет со поинаква европска архитектура во областа на одбраната.

Слични содржини