ЦИК на Хрватска објави прекршувања на денот на предизборниот молк

од desk3

Заменик-претседателот на Централната изборна комисија Весна Фабијанчиќ-Крижаниќ соопшти за нарушувањата на предизборната тишина во денот за размислување – 10 септември. Според неа, тие се слични со нарушувања во текот на претходните избори минатиот ноември, пренесе РИА Новости, пренесува Фокус.

0736793001396277243_562120_292x224
“Главно станува збор за испраќање на кратки текстуални пораки и повици да се гласа за еден или друг кандидат. Граѓаните се жалат дека во поштенските кутии се ставаат агитациони материјали, а во текот на ноќта во петокот спроти сабота на старите предизборни плакати се лепат нови.

Предизборниот ден помина, како целина, мирно “, рече таа. Денес Хрватска гласа за нов парламент. Од ЦИК нагласуваат дека не е дозволено да се сликаат гласачките ливчиња и да се користи телефон во избирачките места.

Слични содржини