Ципрас: Договорот со северниот сосед има историско значење за економијата

од desk4

  Договорот со северниот сосед што е од историско значење за Грција носи придобивки и на економско ниво, рече грчкиот премиер говорејќи на конференцијата на Економист што се одржува во близина на Атина.

Алексис Ципрас постигнатиот договор со Македонија овој пат го коментираше од економски аспект и објасни дека нерешавањето на проблемот било пречка за двете земји да создадат силни економски врски, јави дописничката на МИА од Атина

-Неодамнешниот договор до кој стигнавме по 6 месеци тешки преговори со нашите северни соседи за решавање на долгогодишниот спор со името на поранешната југословенска Република Македонија е разврска од историско значење, успех од историско значење за Грција со разновидни придобивки и во економската сфера.

Пролонгирањето на овој проблем, не само што ги лишуваше можностите од нашата земја, не само што би рекол, непродуктивно трошеше сили во дипломатијата, туку и ја лишуваше можноста за земјата да создаде силни врски на економска соработка и заеднички развој со нашата соседна земја, нагласи вечерва  грчкиот премиер.

 

Слични содржини