Ципрас повика на „трансформација“ на СИРИЗА

од Vladimir Zorba

Поранешниот премиер на Грција и лидер на СИРИЗА, Алексис Ципрас повика на „трансформација“ на неговата партија во пошироко движење кое би било обединување на „прогресивни и демократски“ сили.

„Треба да ги зачуваме своите корени, но да не се плашиме да се претвориме во дрво со силни и длабоки корени, но исто така и со гранки, кои се отвораат, за да ги покријат сите прогресивни и демократски сили“, рече Ципрас на седница на Централниот комитет на партијата.

Тој инсистираше на тоа дека проширувањето на партијата не би било еднакво на „симнување на знамето на нашите идеи“, туку на трансформирање на СИРИЗА во „партија на масите“ и „главен глас прогресивните сили на земјата“.

„СИРИЗА се соочи релативно добро на општите избори по „сеопфатниот напад“, на кој беше подложена по поразот на изборите во мај за Европскиот парламент“, рече тој.

Гласачите дадоа на СИРИЗА „силата … да биде во позиција која е денес и не само да го спречи, но и да ги попречи плановите кои би наштетиле на работничката класа“, заврши тој.

Слични содржини