Ципрас со барање во францускиот Сенат: Отворете го патот за Скопје и Тирана

од Nikola Popovski

Поранешниот грчки премиер Алексис Ципрас побара од францускиот Сенат во Париз да го отвори европскиот пат за Скопје и Тирана, пишува B92,  пренесувајќи од ТВ21.

Тој во својот говор за проширувањето на Европската унија рече дека би било многу тешко да се врати динамиката, која постои во овој момент.

„Кога беше постигнат Преспанскиот договор во 2018 година, за Северна Македонија беше отклучена можноста за проширување, што истовремено даде поттик за албанската европска перспектива“, истакна Ципрас.

Ципрас исто така праша како ЕУ може да ја поддржи политичката стабилност и економскиот развој во Ирак, Авганистан или Мали, па дури и во Украина, а не е во состојба да ги исполни своите обврски кога станува збор за поддршка на европските земји кои се кандидати за членство во ЕУ.

„Како ЕУ може со сигурност да ги поддржи напорите за решавање на меѓународните спорови кога не може да поддржува европска земја како Северна Македонија која придонесува за решавање на долгогодишното европско прашање“, праша Ципрас.

Слични содржини