Ципрас за Преспанскиот договор: Ја поздравувам промената на ставот на Мицотакис, но им должи извинување на Грците

од Nikola Popovski

Лидерот на СИРИЗА, Алексис Ципрас, говорејќи од Солун на „Thessaloniki Helexpo Forum“, изјави дека ја поздравува промената на ставот на Мицотакис, но им должи извинување на Грците за Договорот од Преспа.

„Кога го решивме, како што наметнаа интересите на нашата земја, долгогодишното нерешено прашање со нашите северни соседи со Договорот од Преспа, одбраа да ја кренат земјата на нозе. Денес премиерот на Северна Македонија ги фали за верното почитување на договорот од нивна страна. Господинот Мицотакис, не само што се сретнува со него, а велеше дека никогаш нема се сретне, туку и се бори за спроведување на Договорот. Јас ја поздравувам промената на ставот на господинот Мицотакис, бидејќи ѝ служи на националниот интерес“, рекол Ципрас.

Лидерот на СИРИЗА и поранешен премиер на Грција, кој заедно со Заев ја одиграа клучната улога во постигнувањето на Договорот од Преспа истакна дека Мицотакис им должи извинување на сите Грци „кои ги измами“, односно „извинување што партијата ја стави над татковината и ги наполни Грците со лаги, омраза и поделби“.

Слични содржини