„Цивил“: Ќе отвори ли ЈО предмет по заканувачката изјава на Мицкоски во која мавташе со материјали од тајна истрага обезбедени на криминален начин?

од Vladimir Zorba

Адвокатот Александар Новаковски, во вчерашната „Топ Тема“ на „Телма“ изрази сериозна загриженост од протекувањето документи од обвинителството за гонење организиран криминал, пишува „Цивил“.

„Може да се дојде до сериозна ситуацијата, да бидат загрозени и животи. Со овие работи не смее да се игра јавно. Еве, јас на пример, како бранител, кога го слушам ова, јас сум сериозно загрижен. Како може некој да ги поседува тие документи, ако се веродостојни?“, вели Новаковски

„Апсолутно е кривично дело ако некој ги изнел сите документи за оваа постапка. Таков е законот, постапката е тајна и не смее да се изнесува.“, додаде адвокатот Александар Тортевски за „Топ тема“.

Насер Зибери,пак, смета дека лидерот на опозицијата се заканува со вчерашната изјава во која мавташе со материјали од тајна истрага и го повика јавното обвинителство да отвори предмет.

„Во прв ред треба јавното обвинителство да отвори предмет по изјавата, да земе исказ, од каде му се, што има, со што располага, дали ќе се потврдат или демантираат. Ова е сериозна закана со која може да се наштети и процесот, но да има и политички импликации“, истакна поранешниот пратеник и министер Насер Зибери.

Слични содржини