„Цивил“: Лажните вести на „Ла верита“ и ВМРО-ДПМНЕ се со крајна цела партијата на Мицкоски да има алиби да не го гласа Законот за ЈО

од Vladimir Zorba

Италијанскиот весник „Ла верита“ и Центарот за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ се двете фабрики за продукција на лажни вести со крајна цел партијата на Христијан Мицковски да има измислено алиби за тоа што не го гласаат новиот Закон за Јавно обвинителство, иако законот се наметнува како клучен во оваа фаза од евроитеграцискиот процес на државата,пишува во своја анализа „Цивил“.

Изборите во 2014-та година, парламентарните и претседателските, оние кои се кулминацијата на криминалниот изборен инженеринг на ВМРО-ДПМНЕ, ќе останат запаметени по притисоците, уцените и заканите на партијата кон гласачите, а не по тоа дека некој од СДСМ манипулирал со граѓаните, се вели во анализата.

Врвот со наместени и однапред организирани избори е во 2014-та, годината кога СДСМ, токму заради партиската уценувачка машинерија на ВМРО ДПМНЕ, мораше да излезе со став дека не ги признава изборите. И сега се појавува дилемата – како во време на интензивен и бескрупулозен режим, со развиена криминална шема за крадење избори, а со став на тогашната опозиција дека изборниот процес е украден, наеднаш ВМРО-ДПМНЕ нарачува сторија во „Ла верита“ со која сака да го дискредитира Зоран Заев за наводно местење на избори.

Ваквата наменска сторија, која црпи податоци од период кога без знаење на Груевски не смееше ниту птиците да се вратат од југ, а не некој да се дрзне да мести избори, е отворање простор за ВМРО-ДПМНЕ да се спротивставува на Законот за јавно обвинителство, посочуваат од „Цивил“.

Целиот материјал на следниот линк!

Слични содржини