Црквите во Германија плаќаат по 50.000 евра на жртвите кои биле злоставувани од свештеници

од Nikola Popovski

Католичката црква во Германија денес воспоставила нов систем за обесштетување на жртвите на сексуално злоставување од страна на свештенството, кој ќе обезбеди исплати до 50 000 евра.

Според претходниот систем, злоупотребуваните добиле околу 5.000 евра за страдањата што ги претрпеле.

Жртвите ќе можат да аплицираат за плаќање според новиот систем, почнувајќи од 1 јануари, изјавил денеска шефот на Конференцијата на германските бискупи, бискупот Герг Баецинг од Лимбург, откако членовите на конференцијата го потпишале предлогот на редовниот состанок што се одржува двапати годишно.

Католичката црква во последниве години ја тресат скандали поврзани со сексуално злоставување и прикривање во неколку земји, вклучително и Германија, пренесува АП.

Според извештајот од 2018 година нарачан од црквата, е заклучено дека свештенството во Германија злоупотребило најмалку 3.677 лица помеѓу 1946 и 2014 година.

Повеќе од половина од жртвите имале 13 години или помлади кога биле малтретирани.

Слични содржини