Црн бројки во Грција: 111 смртни случаи од Ковид-19

од Nikola Popovski

Грција денес регистрираше 2.199 нови случаи на коронавирус и 111 смртни случаи, а на респиратор се приклуени 596 лица, соопшти Министерството за здравство.

Од 2.199 пациенти, 25 биле регистрирани на влезот во земјата, а бројот на пациенти во Грција од Ковид-19 сега е 107.470, од ​​кои 4.919 се од странство, објави агенцијата АНА, пренесува Танјуг.

Со 111 смртни случаи во претходните 24 часа, бројот на починати сега е 2.517, а просечната возраст на луѓето кои ја изгубиле битката со коронавирусот е 80 години.

Меѓу починатите, 96,6 проценти веќе имале некаква болест и биле постари од 70 години, а меѓу мртвите имало 1021 жена.

Слични содржини