Црн ден за Њујорк: 562 починати од коронавирусот

од Nikola Popovski

Во  Њујорк починале 562 лица во последните 24 часа од коронавирусот, што е најсмртоносен ден во таа држава, при што вкупниот број на загинати се искачил на 2.935, соопшти гувернерот, Ендру Куомо.

Тој предупреди дека луѓето ќе умрат во краток период поради недостаток на респиратори и болнички кревети, пренесува Ројтерс.

Куомо повика средства од други делови на САД да бидат распоредени во Њујорк за да и помогнат на таа држава во растечката криза, пренесува Танјуг.

Слични содржини