Црн рекорд на Косово, починаа уште 26 лица од коронавирус

од Nikola Popovski

Во последните 24 часа, 26 лица починаа од инфекција со коронавирус во Косово, со што вкупниот број смртни случаи од почетокот на пандемијата достигна 2.584.

Министерството за здравство објави дека биле тестирани 12.558 примероци, од кои 1.448 биле позитивни.

1.421 лице се прогласени за оздравени, така што вкупниот број на оздравени е 120.892, додека 26.525 случаи се активни.

Слични содржини