Црн рекорд во Бугарија: Заразени повеќе од 1000 лица

од Nikola Popovski

Во Бугарија, потврдени се 1024 нови случаи на коронавирус во последните 24 часа, што е највисок дневен биланс од почетокот на епидемијата. Во изминатиот ден биле тестирани 4.406 примероци.

Денешниот биланс е за 629 нови случаи повисок од претходниот ден, пренесува БТА. Најголем број на новоинфицирани има во Софија, 292 лица. Од последниот пресек, други 18 лица починаа.

Бугарија се соочува со недостиг на медицински персонал, со оглед на тоа што во моментов се заразени 1.622 лекари.

Во таа земја, од почетокот на епидемијата се заразени 30.527 лица, од кои 1.008 починале.

Слични содржини