Црн рекорд во Франција: Повеќе од 16 000 заразени за еден ден

од Nikola Popovski

Во изминатите 24 часа, во Франција биле регистрирани 16.096 нови случаи на коронавирус, што е најголем број на заразени лица за еден ден, откако започна масовното тестирање на коронавирус, објавија француските јавни здравствени власти во четвртокот вечерта.

Откако во средата биле објавени новите ограничувачки мерки, 52 пациенти починале во последните 24 часа во болниците во Франција.

Патем, Франција со 502.524 заразени и 31.416 смртни случаи е трета европска земја според бројот на заразени и починати од оваа болест.

Слични содржини