ЦРН РЕКОРД ВО СИДНЕЈ: Најголем број смртни случаи од почетокот на пандемијата

од Stefanija Kuzmanovska

Сиднеј, најголемиот град во Австралија, регистрираше најголем број смртни случаи на дневна основа од почетокот на пандемијата на коронавирусот, седум, ноќен полициски час беше воведен во Мелбурн, а заклучувањето беше продолжено за уште две недели поради наглото зголемување на бројот на нови инфекции.

Сиднеј, кој е во осмата недела од заклучувањето, е епицентарот на третиот бран на епидемијата на коронавирус, што се заканува да ја повлече економијата на земјата, која генерира до две илјади милијарди долари годишно, во нова рецесија за само две години , пренесува „Ројтерс“.

Премиерката на државата Нов Јужен Велс, Гладис Береџиклијан, изјави дека седум лица починале од ковид-19 во Сиднеј во последните 24 часа и потврди дека тоа е рекордна смртност за еден ден.

„Бројките на епидемијата се алармантно високи“, им рече Береџиклијан на новинарите во Сиднеј.

Слични содржини