Црн рекорд во Србија: Починаа 13 лица, 110 пациенти се на респиратор

од Vladimir Zorba

Дури 13 лица починале од коронавирус во последните 24 часа. Ова е најголем број смртни случаи од почетокот на епидемијата во Србија, соопштуваат српските медиуми.

Бројот на починати се искачи на 330.

Регистрирани се вкупно 299 новозаразени лица, а за 24 часа биле тестирани 8.287 лица.

Вкупниот број регистрирани заразени е 16.719, а досега се тестирани 455.604.

Слични содржини