Црн вторник: „Не можам да дишам“ – 8 минути и 46 секунди без програма (фото+видео)

од Nikola Popovski

И после седум дена од убиството на Афроамериканецот Џорџ Флојд, бројни институции и поединци од културен и јавен живот даваат поддршка на црната заедница во САД.

Освен музичката индустрија, која прогласи „Црн вторник“ и ги запре сите свои активности, на акцијата „8 минути и 46 секунди црно“ им се придружиле и многу културни институции, јавни личности, телевизиски компании, па дури и зградата „Емпајер стејт“ била во целосен мрак.

Телевизиските станици „Фокс“, „ЦБС“ и многу други, не емитувале никаква програма во траење од 8 минути и 46 секунди, туку имало само црн екран на кој пишувало „Не можам да дишам“.

Музејот на модерната уметност „Мома“ во Њујорк исто така се приклучил на акцијата и на социјалните мрежи објавил црна слика на своите профили.

Слични содржини