Црна Гора ги отвори границите за граѓаните на уште четири земји, Македонија не е на списокот

од Vladimir Zorba

Граѓаните на Белорусија, Канада, Украина и Зимбабве ќе можат да влезат во Црна Гора од петок, без дополнителни ограничувања, објави Националното координативно тело.

„Нов список на земји чии жители можат слободно да влезат во Црна Гора без дополнителни ограничувања ќе биде објавен на петок, 7 август. На листата се додадени Белорусија, Канада, Украина и Зимбабве“, велат од Националното координативно тело.

„Сите мерки се применуваат сè додека не престане опасноста од ширење на коронавирусот или додека мерката не се промени или одземе, што редовно ги објавува НКТ, освен мерките под кои е наведен рокот“, наведува НКТ, пренесува РТЦГ.

Претходно беше решено дека граѓаните на Русија и Азербејџан можат да влезат во Црна Гора без дополнителни ограничувања.

Слични содржини