Црна Гора го одбележува Денот на независноста

од Vladimir Zorba

Црна Гора денеска го слави Денот на независноста, а по тој повод улиците на главниот град се украсени со црногорски знамиња.

Црна Гора се отцепи од Државниот сојуз на СРЈ на референдум на 21 мај 2006 година.

Порталот РТЦГ потсетува дека според официјалните резултати, црногорската независност ја поддржале 230.661 граѓани или 55,5 отсто, додека за опстанок на заедничката држава со Србија имало 185.002 граѓани или 44,5 отсто.

Слични содржини