Црна Гора нуди државјанство ако купите недвижен имот

од Vladimir Zorba

Компанијата „Адриатик Маринас“ од Тиват веќе го донесе на пазарот недвижниот имот од комплексот наречен „Boka Place“, нов дел од луксузното наутичко-туристичко одморалиште „Porto Montenegro“, иако изградбата ќе започне едвај на крајот на годината, пишува „Вијести“.

Во огласот се вели дека покрај становите и деловните простории, странските купувачи ќе добијат и црногорско државјанство бесплатно.

Владата неодамна го вклучи проектот „Boka Place“ на „Списокот на приоритетни проекти од областа на туризмот“, кој на инвеститорите им дава голем број административни и фискални придобивки за реализација на овие проекти, а една од нив е можност за оние кои ги вложуваат своите пари во овие проекти да добијат и црногорско државјанство.

Станува збор за доделување државјанство „за спроведување на посебна програма за инвестирање од особено значење за економскиот интерес на Црна Гора“, која е познат меѓу странските инвеститори во Црна Гора како CBI (Citizenship by Investment).

Затоа, „Porto Montenegro“ веќе рекламира, како дополнителна придобивка при продажба на недвижен имот во „Boka Place“, можноста нивните нови сопственици, покрај станот, да добијат и црногорски пасош, додава „Вијести“.

Слични содржини