Црна Гора предупредува: Нема влез на фестивали без потврда

од Stefanija Kuzmanovska

Институтот за јавно здравје (ИЈЗ) на Црна Гора објави дека без Ковид потврда, нема да биде можно да се присуствува на најавените фестивали низ целата земја.

Институтот ги потсетува организаторите дека пристапот до фестивалите е дозволен доколку е исполнет еден од четирите услови од Националниот ковид сертификат – доказ дека лицето е целосно вакцинирано или ја примило првата доза вакцина, или негативен резултат на ПЦР тест не постар од 72 часа, позитивен ПЦР тест постар од 14 и не постар од 180 дена или негативен брз тест за антиген БАТ кој не е постар од 48 часа.

„Уште еднаш ги повикуваме организаторите на сите музички фестивали да ги почитуваат пропишаните правила според кои можат да ги организираат, а Дирекцијата за инспекциски работи да ги насочи своите капацитети на контрола и санкционирање во случај на прекршување на тековните мерки во борбата против коронавирусот“, истакнаа од ИЈЗ, пренесе РТЦГ.

Слични содржини