Црна Гора воведе построги мерки: Забрана за излегување во работните денови од 19 до 5 часот

од Nikola Popovski

Националното координативно тело (НКТ) на Црна Гора вечерва донесе нови привремени мерки за заштита на црногорските граѓани од коронавирусот.

Мерките вклучуваат забрана за напуштање на домовите од 19 до 5 часот од понеделник до петок, како и од сабота од 13 часот до 5 часот наутро во понеделник, пренесува РТЦГ.

– Забраната важи за сите, освен за исклучоци опфатени со наредбата – тврдат од НКТ.

Покажано е дека Црна Гора се наоѓа во пресудни моменти на пандемијата, која во голема мерка ќе го дефинира нејзиниот тек.

– Искуството и професијата укажуваат на тоа дека ние мора да го подобриме почитувањето на мерките и одговорноста на сите, граѓаните и институциите – потенцира Националното координативно тело.

Слични содржини