Црна Гора: Зголемен надзор на крајбрежјето поради делта сојот

од Stefanija Kuzmanovska

Институтот за јавно здравје на Црна Гора го засили епидемиолошкиот надзор во крајбрежните општини каде престојуваат голем број туристи, со оглед на тоа што делта сојот на коронавирусот е регистриран во 92 земји низ светот. Институтот изјави дека Imperial College of London открил дека бројот на заразени лица во Велика Британија се удвоил за 11 дена, а најголем број новооткриени случаи имало во возрасните групи од пет на 12 и од 18 до 24 години.

„Сè уште не бележиме такво зголемување на бројот на новооткриени случаи во нашата земја, но реално е да се очекува тоа. Прашање е само на моментот кога делтата ќе стане доминантен вид на ниво на целиот свет“, рече раководителот на Центарот за контрола и превенција на заразни болести, Милена Поповиќ Самарџиќ.

Таа потврди дека делтата се пренесува побрзо – дека е за 40 до 60 проценти повеќе „пренослива“ од алфа сојот.

„Ова, се разбира, е поврзано со поголем ризик од нагло зголемување на бројот на случаи. Токму од таа причина, внимателно се следи бројот на новооткриени случаи “, рече Поповиќ Самарџиќ.

Слични содржини