ЦРНА КОВИД-статистика: САД надмина 900.000 починати

од Nikola Popovski

САД синоќа надминаа 900.000 смртни случаи од Ковид-19, локажува билансот на Универзитетот Џон Хопкинс, кој се смета за референца.

Земјата го надмина прагот од 800.000 смртни случаи од последиците на коронавирусот кон средината на декември, пред речиси два месеци.

Случаите поврзани со омикрон сојот сега се намалуваат во САД, но дневниот број на смртни случаи продолжува да расте, со 2.400 смртни случаи во просек дневно, според податоците на здравствените власти.

Кога станува збор за дневниот број на новозаразени со корона, тој паѓа во 49 од 50 американски држави.

Слични содржини