Црниот бисер“ вреди 280 милиони долари. Што добивате за тоа?

од Vlatko K

Пред неколку денови во Лондон беа објавени новите победници на престижните The World’с
Superyacht Awards 2019.


Во категоријата „Best Sailing Yacht 60m and above“, наградата ja зграпчи 107-метарскиот „Black Pearl“,
која чини 280 милиони долари. Судиите високо го ценеа фактот дека „Црниот бисер“ поседува исто
ниво на удобност како и моторните јахти.

Во исто време, таа е способна за преминување на океанот без употреба на дизел, благодарение на
алтернативните извори на енергија.

Ова е третата по должина јахта за едрење во светот. Нејзин креатор е холандската компанија
„Oceanico“, која е основана во 1989 година и е специјализирана за изградба на моторни јахти со
должина поголеми од 80 метри.

„Црниот бисер“ е првата јахта за едрење, што ја направила компанијата.

Ако се прашувате зошто јахтата се нарекува така, тогаш вашите претпоставки се точни. Името е
инспирирано од „Пиратите од Карибите“. Капацитетот на „Црниот бисер“ е 38 луѓе. Може да развие
максимална брзина од 30 јазли, т.е. 56 км / ч.

Ткаенината од која се направени едрата, имаат вградени соларни панели кои обезбедуваат до 50%
од енергетските потреби на јахтата.
Внатрешноста е дизајнирана во стил од 18 век. Постои спа базен и џакузи на главната палуба.

Слични содржини