Црногорски фудбалер купил респиратор од 20 илјади евра за клиника во Црна Гора

од Nikola Popovski

Според локалните медиуми, црногорскиот фудбалер Лука Ѓорѓевиќ не ја заборава својата Црна Гора, која влезе во жестока битка со епидемијата на коронавирус. Имено, тој купил респиратор и го подарил на Клиничкиот центар во Црна Гора, кој е во вредност од 20 илјади евра.

Фудбалерот на рускиот Локомотив, во моментов е во Москва, но не ги заборавил своите корени и одлучил да и помогне на Црна Гора на конкретен начин.

Тој во моментов се опоравува од повреда и очекува на терените да се врати во мај, секако ако сѐ биде вратено во нормала по светската пандемија.

Во оваа земја во моментов има 8 случаи позитивни на коронавирус.

Слични содржини