Црногорскиот министер за одбрана: Во Армијата на Црна Гора има повеќе од 20 проценти Срби

од Nikola Popovski

Министерот за одбрана на Црна Гора, Предраг Бошковиќ, денеска во Собранието најави дека немало и нема да има пребројувања по национална основа во Армијата на Црна Гора.

Како одговор на прашањето од пратеникот на ДФ, Милан Кнежевиќ, тој изјавил дека во Армијата на Црна Гора моментално има над 20 проценти припадници кои се изјаснуваат како Срби.

„Во Армијата на Црна Гора има луѓе од сите вери и нации, а има над 20 проценти Срби. Началникот во војската кој е одговорен за екипирање е Србин од Требиње, поранешниот командант на Воздухопловните сили кој оди на мисија во Брисел е Србин од Крагуевац, командантот на најголемиот брод е Србин од Војводина “, истакнал Бошковиќ.

Бошковиќ истакнал дека е уште поважно што овие припадници на Армијата „ја сметаат оваа земја како своја, подготвени се да ја бранат и да умрат за неа ако треба“.

Слични содржини