Црногорскиот министер за одбрана: Законот за слобода на религијата се користи за крстоносна војна против Црна Гора

од Nikola Popovski

Црногорскиот министер за одбрана, Предраг Бошковиќ рече дека Законот за слобода на религијата се користи за да се води крстоносна војна против Црна Гора, а протестните литии, рече тој, немаат никаква врска со законот, но намерата е Црна Гора да се претстави како српска држава, на која независноста би и била прогласена за неважечка, изгласана на референдумот во 2006 година, пренесува Танјуг, повикувајќи се на порталот РТЦГ.

Бошковиќ ги заснова тврдењата за иконографијата што може да се види на протестите, но и на цртањето и пишување српски мотиви низ Црна Гора. Според него, Законот за слобода на религијата има за цел да ја врати Црна Гора во средниот век, а односите со Србија ги оценува како најлоши од обновувањето на независноста.

„Протестите немаат никаква врска со законот затоа што, доколку е така, овој закон би се применувал, па ќе видиме дали тој ќе загрози нечии права. Гледаме дека тоа не е случај. Гледаме иконографија на литиите, гледаме како територијата на Црна Гора е означена како српска држава, гледаме како цртаат српски мотиви “, рече тој.

Тој додава дека не постои сила што може да ја претвори Црна Гора во теократска држава и истакнува дека Демократскиот фронт (ДФ) е „надмината политичка организација“ во Црна Гора, а Српската православна црква (СПЦ) е единствениот ентитет што може да генерира просрпски ставови.

„Црна Гора е држава на сите свои граѓани, без оглед како се изразуваат и никој не може да го спречи патот на Црна Гора кон модерна европска држава“, рече црногорскиот министер.

Тој, исто така, рече дека сите настани во овој регион биле „однапред одиграни“ затоа што Балканот „низ историјата бил место каде се судрија многу цивилизации“.

Al Jazeera Balkans

Слични содржини