Црногорскиот премиер и министрите дојдоа на работа со такси

од Nikola Popovski

Црногорскиот премиер Здравко Кривокапиќ и неговиот кабинет беа избрани во петокот со 41 глас во Собранието од трите владејачки коалиции, „За иднината на Црна Гора“, „Мирот е нашата нација“ и „Црно-бело“, па така тие денес во новата црногорска влада денеска ја одржуваат својата прва седница.

Регионалните медиуми објавија дека тој на седницата дошол со такси.

По завршувањето на седницата, министрите се очекува да одат во своите ресори.

Новата црногорска влада е прва што не е формирана по три децении од Демократската партија на социјалистите (ДПС) на Мило Ѓукановиќ, која беше поразена на изборите на 30 август оваа година.

На тие избори, новоизбраниот премиер, како непартиска личност, беше лидер на најсилната од трите коалиции што ја освоија власта, која во најголем дел е составена од просрпскиот Демократски фронт.

фото: Саво Прелевиќ, Вијести.ме.

Слични содржини