Црвена детокс-вода со калинка и нане

од Elena Daskalova

Пролетта е на самиот праг, а тоа значи дека конечно е време да се вратиме на здравите навики, да консумираме свежа храна и да дадеме сè од себе да се ослободиме од насобраните токсини.

Калинката важи за рајско овошје кое е лесно достапно, а е богато со антиоксиданси, витамин Ц, го подобрува имунитетот, штити од малигни заболувања, апсорбира слободни радикали, ги штити бубрезите и црниот дроб и има антивоспалителни својства.

Исто така, го нормализира крвниот притисок, а помага и во борбата со покачениот шеќер во крвта.

Детокс-водата од калина се прави на следниов начин:

4 гранчиња свежо нане
Една шолја зрна од калинка
Сок од една калинка
4 чаши вода

Нането малку истолчете го за да пушти арома и масла. Измешајте ги водата и сокот од калинката, додадете го нането, потоа и целите зрна. Оставете да отстои во фрижидер еден до два часа. По желба можете да засладите со мед.

За уште посилен ефект, оставете ја водата преку ноќ во фрижидер и испијте ја следниот ден.

Слични содржини