Црвенковска е нова претседателка на Судскиот совет: „Сите судии што работат совесно, во мене ќе имаат сојузник“

од Nikola Popovski

Павлина Црвенковска денеска едногласно беше избарана за претседателка на Судскиот совет.

Таа се заблагодари за довербата и кажа дека со нејзиниот професионален интегритет ќе ја извршува функцијата.

„Им порачувам на судиите во Македонија да продолжат да работат одговорно и чесно, да бидат ослободени од секакви притисоци и надворешни влијанија. Сите што работат совесно, во мене ќе имаат сојузник. Исто така, сакам да им ветам на граѓаните дека овој Судски совет ќе стори се за да го подигне интегритетот на правосудниот систем“, изјави Црвенковска.

За неа гласаа сите членови кои беа физички и онлајн присутни. Таа доаѓа на функцијата откако на Киро Здравев му истече мандатот.

Слични содржини