ЦСКА поуспешна од Реал во Евролигата (ВИДЕО)

од Vladimir Zorba

ЦСКА Москва продолжува да е сама на врвот во кошаркаската Евролига. Тимот запиша 17 победа по триумфот над Реал Мадрид со 93:87.

Почетокот беше за домаќините, кои буквално ги декласираа гостите по 24:5, а делот заврши со 33:11.

Вториот дел гостите од Шпанија ја консолидираа играта и загубија само со 20:21. На полувреме ЦСКА водеше со 54:31.

Следните два дела беа за Реал Мадрид, но не доволно за да го свртат резултатот.

Серхио Родригез реализира 18 поени против својот поранешен тим, Кори Хигинс додаде 16, Нандо де Коло остана со 10.

Лука Дончиќ постигна 21 поен, а само уште двајца ја минаа границата од десет поени. Треј Томкинс заврши со 13 години, а Факондо Кампацо беше со 10.

Слични содржини