ЦУК апелира за претпазливо движење покрај помалите реки и суводолиците

од Nikola Popovski

Центарот за управување со кризи (ЦУК) упати предупредување за поголема внимателност по најавите од УХМР дека до крајот на неделава се очекува нестабилно време и повремен пороен дожд.

– Интензивните врнежи од дожд можат да предизвикаат локални проблеми во дел од урбаните средини, како и да доведат до брзо зголемување на водостојот на помалите реки и суводолиците. Предупредуваме на претпазливо движење покрај помалите реки и суводолиците во текот на наредните денови (до недела), апелираат од ЦУК.

До недела во попладневните и вечерните часови на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално процесите ќе бидат во форма на невреме со интензивен пороен дожд, силен ветер, електрични празнења и град. Температурите ќе бидат во постепено опаѓање.

Слични содржини